Home Kids Скопје: палеонтолошки град – едукативна боенка за деца

Скопје: палеонтолошки град – едукативна боенка за деца

1,50 

Ако сакаш да го откриеш светот на палеонтологијата, да научиш за диносаурусите, мамутите и многу други животни кои се одамна изумрени, оваа боенка на многу интересен начин ќе те воведе во живиот свет во минатото. Ќе дознаеш што се фосили, како да ги најдеш и препознаеш, на кој начин се врши нивното истражување од страна на палеонтолозите, местата во Скопје кадешто се пронајдени нивните остатоци и се разбира, каде можеш да ги видиш тие фосили, откако се ископани.

Како основа за илустрациите се земени вистински фосили кои може да се видат во Природонаучниот музеј во Скопје. Фосилите во природна големина и оживеани може да ги посетиш и во Дино паркот во Скопје. Затоа оваа боенка е важна, бидејќи ќе можеш веднаш да ги препознаеш. Во тие тајни ќе те воведат Ана и Јане, кои како млади палеонтолози истражувачи, се обидуваат да ти помогнат во твоите сознанија за оваа наука.

Наслов: Скопје – палеонтолошки град: боенка за деца
Автор на текст: Биљана Гаревска
Автор на илустрации: Бисера Наумовска
Издавач: ХАЕМУС
Година на издавање: 2021
Јазик: Македонски
Број на страни: 12
Формат: A4

Испораката низ Македонија е вклучена во цената!

 

 

Category: